346
Преговорите меѓу претседателите на САД и Русија, Џозеф Бајден и Владимир Путин, во потесен состав, завршија попладнево во Женева, изјави за РИА Новости портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Првиот дел од самитот траеше скоро два часа, а наскоро ќе започнат разговори во проширен состав. Предвидено е самитот да трае пет часа.
Двете страни ќе одржат одделни прес-конференции по состанокот.
Двајцата претседатели се ракуваа пред да започне самитот.
Путин му се заблагодари на Бајден за иницијативата за средбата и изрази надеж дека средбата ќе биде продуктивна, додека Бајден посочи дека е корисна средбата лице во лице со Путин.