Бразилскиот фудбалер Данило се враќа во Бразил каде во наредниот период ќе настапува за Фламенго.
Фудбалерот со забележителна европска лична карта реши да се врати во Бразил по 12 и пол години. Неговиот договор со Јувентус беше раскинат, па како слободен играч премина во Фламенго.
Бразилскиот дефанзивец е во Европа од 2010 година и играше за Порто, Реал Мадрид, Манчестер Сити, а најмногу време помина во Јувентус од 2019 до јануари 2025. Вкупно одигра 213 натпревари за Јувентус и постигна девет гола во сите натпреварувања. .
Со Старата дама, тој ја освои Серија „А“ во 2020 година, Суперкупот на Италија во истата година и уште два пати купот во 2021 и 2024 година.
Тој исто така освои домашни титули со Порто, Реал Мадрид и Манчестер Сити и две Лига на шампиони со Реал Мадрид.
Има и олимписко злато со Бразил во 2016 година.