Заврши караванот за вакцинација: „Интересот за имунизација не е на задоволително ниво“

од Берта Китинска
201 прегледи

Заврши караванот за вакцинација против ковид-19 што се реализираше во изминатите две недели.

Караванот почна на 21 март од Шуто Оризари, а заврши во Струга.

Директор на Институтот за имунологија и претседател на Комисијата за заразни болести, проф. д-р Александар Петличковски во разговро за „Локално“ вели дека иако е воведен караванот за вакцинација интересот за истата не е на задоволително ниво, а причините според докторот смета дека причините за тоа се: недовербата во здравствениот систем, во недоволната информираност на населението и во многу лесното прифаќање на непроверени, најчесто лажни приказни за штетата која вакцините ја предизвикуваат.

– Единствен начин за поттикнување на населението да ги прифати вакцините е агресивно да се објаснуваат ефикасноста, безбедноста и придобивките од нив. Сите луѓе треба да сфатат дека, доколку имавме опфат со вакцини од околу 90%, ќе имавме најмалку 3000 помалку починати од КОВИД. Овој клучен факт мора да допре до сите граѓани, додава д-р Петличковски.

Беа посетени 14-тина градски и рурални подрачја низ целата држава. Граѓаните имаа можност да се вакцинираат против Ковид-19, но и да се информираат за вакцинацијата и за придобивките од неа.
Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека речиси 41,2 проценти од вкупното население е вакцинирано со две дози, а само седум проценти со трета (бустер) доза, но со караванот се очекува тој број да се зголеми.

Слични содржини