Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА на денешнaта средба во Клубот на пратениците се согласиле уште еднаш да ја потврдат нивната целосна посветеност на договорот што беше постигнат на 2 јуни по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан во Скопје и да продолжат со разговорите за негово целосно спроведување на лидерско ниво на 29 јуни.
„Ние лидерите на главните политички партии денеска се согласивме уште еднаш да ја потврдиме нашата целосна посветеност на Договорот од 2. јуни и да продолжиме со разговорите за негово целосно спроведување на лидерско ниво на 29. јуни.
Ние исто така го поддржуваме транспарентното менаџирањре од страна на ЕУ со текстот на овој договор како и со сите специфични препораки поврзани со системските реформи во областа на владеењето на правото, кои ќе бидат спроведени во интерес на сите граѓани“-се наведува во соопштението.