278
Денес завршува обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата што е воведена на 15-ти ноември, а завршува на 15-ти март.
Користењето на соодветна зимска опрема во голема мера придонесува за безбедно одвивање на сообраќајот при зимски услови на патиштата.
Од АМСМ информираат и дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.