Заврши општата собраниска расправа за Договорот за ФРОНТЕКС

од Stefanija Kuzmanovska
168 прегледи

Во Собранието во рамки на денешната 99. седница заврши општата расправа по Предлог на законот за ратификација на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативните активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС) во земјава, Дополнетиот предлог на законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик и Предлог одлуката за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА” во Босна и Херцеговина во периодот од мај до ноември 2023 година.

Претресот по Дополнетиот предлог на законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик заврши по членовите 3, 4, 5, 6, 7, 11, 20 и 23, што се изменети со амандмани во работните тела.

Потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски информира дека за гласањето по овие точки од дневниот ред, пратениците дополнително ќе бидат известени.

Во рамки на оваа собраниска седница, Собранието констатира дека три поднесени барања за автентично толкување не се оправдани и нема потреба од автентично толкување. Станува збор за барањето на пратеникот Јован Митрески за автентично толкување на член 230 став 1 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на пратеничката Соња Михаиловска за толкување на член 128 од Законот за работните односи и барањето поднесено од градоначалникот на Општина Куманово за автентично толкување на членовите 22, 26 и 31 од Законот за урбанистичко планирање.

Слични содржини