Заврши распитот на Љубе Бошкоски во Специјалното обвинителство- детално испрашуван за “Кампања”

од desk4
85 прегледи

По пет часа распит, Љубе Бошкоски ја напушти зградата на Специјалното јавно обвинителство. Внатре, од тимот на Јанева  бил испрашуван за случајот “Кампања”, за кој доби 5 години затвор поради злоупотреба на службената положба и незаконско финансирање на кампањата.

128484

Неговиот адвокат за новинарите изјавил дека Бошкоски бил испрашуван детално за целиот случај кампања, но не открива колку други сведоци биле повикани за овој случај. Инаку , токму за ова дело казната му завршува на 6 јуни, а неофицијално има најави да биде пуштен и во март, три месеци пред предвидениот рок, поради законски можности.

– Бошкоски даде исказ во својство и на сведок но и на оштетен, поради бруталното однесување . на органите при неговото апсење, вели Константин Кратовалиев, адовокат на Бошкоски.

Бошкоски е осуден и  на десет и пол години затвор и за случајот “Ровер”, за помагање во нарачано убиство на скопјанецот Маријан Тушевски и на неговиот возач Кире Јанев.