Заврши собирот на Србите во Митровица: „Доста ни е теророт на Курти“

од Destan Jonuzi
221 прегледи

Без инциденти заврши собирот на косовските Срби во Северна Митровица, но РТС јавува дека група Албанци во населбата Бошњачко маало поставиле албански знамиња.

На собирот се обратија неколкумина сегашни и поранешни политички чинители на Косово. Претседателот на Српска листа, Горан Ракиќ рече дека мандатот го враќаат на српскиот народ кој ги избрал, а не на Приштина. Рече дека во Северна Митровица собирот има за цел да испрати јасна порака дека е доста од „шиканирање“ од страна.

Поранешниот градоначалник на Северна Митровица, Милан Радојевиќ, пак, им се заблагодари на присутните и рече дека собирот испраќа пораки за мир.

„Десет години му дававме шанса на Бриселскиот договор, но жал не успеавме. Утрово и официјално поднесовме оставки. Нашата борба продолжува, и таа ќе биде само во друг облик, рече Радојевиќ.

Суспендираниот командир на полицијата, мајорот Ненад Ѓуриќ порача дека Србите на Косово немаат друга земја. Институциите ги напуштија и судиите и обвинителите, а судијката Љиљана Стевановиќ рече дека таквата одлука била едногласна.

„Нашата одлука е јасна. Мислам дека ние сме најдобри амбасадори на српскиот дел од правосудството“, рече Стевановиќ, додавајќи дека луѓето на Косово бараат елементарни човекови права.

Претходно, косовската полиција повика граѓаните мирно да протестираат, додавајќи дека постои оперативен план доколку на протестот дојде до инциденти. Протестот почна со интонирањето на српската химна, а организацијата доаѓа откако вчера претставниците на Србите на Косово ги напуштија институциите.

Слични содржини