Заврши судењето: Момчето што усмрти дете на „Пластичарска“ ја призна вината

од Nikola Popovski
320 прегледи

Заврши судењето за тешката сообраќајна несреќа од пред еден месец кога беше усмртено 10-годишно дете на булеварот „Никола Карев“, познат како „Пластичарска“. Ова следува откако 21-годишниот возач денеска признал вина во Основниот кривичен суд за стореното дело.

Возачот во судницата рекол дека избегал од страв да не биде тепан.

-Многу ми е жал за тоа што го сторив. Се каам за тоа што го направив. Не можам да спијам. Свесно и доброволно признавам, рекол обвинетиот.

Јавниот обвинител Даниел Коцев од ОЈО Скопје, во завршен збор, побара при одмерувањето на казната Судот да ги има в предвид сите олеснителни и отежнителни околности, како и да делува превентивно за другите учесници во сообраќајот.

Возачот на 12-ти октомври со своето возило марка „мерцедес“ го напуштил местото на несреќата додека околните минувачи се обидувале да и помогнат на жртвата. Неуспешен бил обидот и на брзата помош да му ја поврати свеста на момчето, па откако е превезено во ургентниот центар, лекарите констатирале смрт.

Неколку часа по несреќата, полицијата соопшти дека го пронашла возачот кој избегал од местото на несреќата, а сега се сомничи за кривично дело тешки дела во сообраќајот со смртни псоледици.

Возел со 76 километри на час, и со предниот дел од возилото удрил во телото на пешакот– дете родено 2013 година кое како пешак попречно го поминувало коловозот надвор од обележан пешачки премин.

Слични содржини