Заврши суспензијата на Погба-Како следни дестинации се споменуваат Саудиска Арабија или МЛС

од Љубиша Владимиров
24 прегледи

Францускиот фудбалер Пол Погба од денеска и официјално може да се врати на терените, откако неговата суспензија истече. Сепак, останува нејасно каде ќе ја продолжи својата кариера.

Погба беше суспендиран на четири години поради позитивен тест на тестостерон во септември 2023 година, по натпреварот на Јувентус против Удинезе. Подоцна, казната му беше намалена на 18 месеци, а од денеска тој повторно е достапен за настапи.

Во меѓувреме, Погба го раскина договорот со Јувентус и сега е слободен агент. Сепак, засега нема интерес од водечките европски клубови за неговите услуги.

Според најновите информации, најголем интерес за Погба доаѓа од Саудиска Арабија и американската МЛС лига, каде што би можел да ја продолжи кариерата. Останува да се види дали Погба ќе добие понуда што ќе го убеди да остане во Европа или ќе се одлучи за преселба во некој од финансиски примамливите лиги. Можно е 31-годишниот играч од средниот ред да најде ангажман во некој од послабите клубови во топ 5 европски лиги, но постојат и опции надвор од Европа.

Слични содржини