Заврши времето кога работниците беа дискриминирани и земаа плата пониска од законскиот минимум, вели Ковачевски

од Nikola Popovski
144 прегледи

„Заврши времето кога работниците во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, околу 90.000 работници во текстилната, чевларската и кожната индустрија, беа дискриминирани и земаа плата пониска од законскиот минимум. Денес, минималната плата важи за сите стопански гранки, а со донесеното законско решение, минималната плата ќе расте секој март, без да зависи од волјата на која било, сегашна или идна Влада”, посочи премиерот Ковачевски.

Растот на минималната плата, како што рече премиерот, ќе поттикне раст и на останатите плати.

„Просечната плата сега изнесува 34.364 денари и дополнително ќе се зголеми”, најави премиерот Ковачевски.

На среден рок, во периодот 2024-2027 година, како што соопшти премиерот, номиналниот раст на просечната плата се очекува да изнесува 6,1 процент на годишно ниво и платите до 2027 година треба да се движат, во: 2023 – 7,3%; 2024 – 6,4%; 2025 – 6,1%; 2026 – 6,1%; 2027 – 5,8%.

Слични содржини