Заложничката криза во хотелот „Библос“ во градот Севаре, во централниот дел од Мали, заврши претпладнево откако малиските безбедносни сили успеаја да ги протераат исламистички екстремисти од објектот, кој го зазедоа вчера при напад во кој загинаа осум лица.

Претставник на безбедносните сили изјави дека „хотелот е исчистен“ и дека операцијата против екстремистите е завршена. – Сега е крај. Се заврши, допoлни истиот извор.
Претходно, безбедносните сили соопштија дека биле ослободени петмина заложници од хотелот, кои веднаш се префрлени во Бомако. Националноста на ослободените заложници, за кои се претпоставува дека се странци, не беше соопштена.