182
Јапонската полиција го уапсила напаѓачот кој, како што се верува, утринава ранил две лица во болница, а потоа побегнал во поштата каде што земал луѓе како заложници, јавуваат светските агенции.
Заложничката криза во поштата во Вараби, северно од Токио, траела повеќе од осум часа.
Инаку, повредените во престрелката во болницата се идентификувани како лекар и постар пациент, а поштата во која се одвивала драмата се наоѓа на 2,5 километри од болницата во која се случило пукањето.