Завршија анализите, водата во Тетово е безбедна за пиење

од Nikola Popovski
330 прегледи

Водата за пиење во Тетово е безбедна за користење покажале дополнителните испитувања на Центарот за јавно здравје по појавата на невообичаен вкус и мирис пред два дена.

Оттаму велат дека сега водата за пиење може да се користи без ограничувања.

-Препораката да не се пие се повлекува. Поради исклучување на дотокот од новиот водоснабдителен систем имаше недостаток во поедини делови од градот. Од попладневните часови водата од новиот систем постепено ќе биде вклучена но овој пат само од река Пена, а не и од Лешничка река, информира д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје.

Оваа појава првпат беше забележана во 2017 година кога Центарот за јавно здравје утврди дека непријатниот мирис и вкус доаѓа од вегетацијата, односно најмногу од лисјата од дрвјата што паѓаат во зафатот на водата кај месноста Лешница, од каде се зема вода за новиот водоснабдителен систем.

Центарот секојдневно прави контрола на квалитетот на водата во градскиот водовод. Оваа појава минатите години се надминуваше и со засилено хлорирање, а според досегашните искуства непријатниот мирис и вкус исчезнуваше за неколку дена.

Слични содржини