412
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне претежно во северните делови ќе има услови за локален слаб дожд, информираат од УХМР.
Ќе дува умерен ветер од западен и северозападен правец. УВ индексот ќе биде 8.
Максималната темпрература ќе достигне до 33 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурата ќе се искачи до 30 степени Целзиусови.
Од вторник следува период на стабилно и посвежо време со пониски утрински температури, а дневните од среда ќе бидат во постепен пораст. Во вторник ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.