Завршни зборови на Боки 13 за случајот „Меѓународен сојуз“

од Берта Китинска
390 прегледи

Бојан Јовановски-Боки 13 денеска во Основниот Кривичен суд Скопје треба да ги даде завршните зборови за случајот „Меѓународен сојуз“.

Адвокатот на првообвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“ на претходното рочиште побара да се одложи завршниот говор, затоа што обвинетиот не бил подготвен за тоа.

Обвинителството бара Бојан Јовановски, татко му, неговата асистентка, Јасна Ерцеговиќ и екс-пратеничката од СДСМ, Фросина Ременски да бидат прогласени за виновни и да им ги вратат парите на оштетените.

Ременски тврди дека не влијаела врз бизнисмени да склучат договори со организацијата „Меѓународен сојуз“ на Боки 13.

Обвинетата во случајот на завршни зборови потенцираше дека не учествувала во проектот за старечки домови, а најмалку била запознаена со финансиската вредност. Според неа, наводите дека е угледна личност не се доволен доказ за да биде обвинета. Таа кажа дека не договарала и преговарала и дека не е автор, ниту потписник на договорот. Вели дека потполно неоправдано и неосновано ја обвиниле.

„Судот не ги зел во предност сите учесници во овој процес и нивните врски со многу институции на локално и државно ниво. Силјан Мицевски на прашање пред бранителот, одговорил дека Фросина Ременски и Александар Кирацовски не влијаеле врз никој, ниту таа ја договорала цената на овој договор“, кажа Ременски.

Таа ја обвини обвинителката Ивана Трајчева за злоупотреба на службената положба, истакнувајќи дека се обидува да симулира кривично дело.

Слични содржини