Завршните зборови за предметот за насилствата во Собранието од 27 април 2017 година ќе се одржат денеска. Прво, своите завршни зборови ќе ги даде обвинителката Вилма Русковска, а потоа ќе следуваат и оние на одбраната.
„Главната расправа за предметот КОК бр. 2/20 поврзан со настаните од 27 април во Собранието на РСМ на која е предвидено да бидат дадени завршните зборови, по претходна согласност на странките, ќе се одржи на 01.07.2021 година во 10:00 часот“, информираа од Кривичниот суд.
Во предметот обвиниети се поранешниот спикер Трајко Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.
Според обвинението, тие се осомничени за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.