Завршни зборови на судењето за убиството на хрватскиот ракометар Тот

од Nikola Popovski
142 прегледи

Денеска во Основниот кривичен суд – Скопје со завршни зборови продолжува судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој почина откако беше смртно претепан пред дискотека во скопскиот Градски парк.

На минатото рочиште сведочеа обвинетите, кои што на почетокот на процесот изјавија дека не се чувствуваат виновни за делото кое што им се става на товар.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

– По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

Слични содржини