Завршни зборови за случајот „Титаник 2“

од Nikola Popovski
191 прегледи

Во Основниот Кривичен суд – Скопје денеска e спроведен поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков за случајот „Титаник 2“ во кој е првообвинет.

Судењето е во фаза на завршни зборови и почна со прецизирање на обвинителниот акт од обвинителот Гаврил Бубевски. Прецизирањето е по насоките од Апелација, по укинувањето на пресудата.

Кривичниот суд во 2019 година го осуди поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, а во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење.

Судот сите шестмина обвинети во „Титаник 2“ претходно беа прогласени за виновни. Најголема казна од 4,5 години затвор доби Бедредин Ибраими, тогашен член на Државната изборна комисија (ДИК) предложен од ДПА. Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, доби 3 години и 2 месеца затвор, а поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и членовите на ДИК предложени од ВМРО-ДПМНЕ, добија по три години затвор.

Според обвинителниот акт, Мијалков го искористил своето реално влијание и телефонски побарал од Мендух Тачи да влијае врз членот од неговата партија во ДИК да гласа за носење на одлука во полза на партијата ВМРО-ДПМНЕ по приговор за гласањето на избирачкото место 1.727 во Струмица, со што кандидатот Васил Пишев се стекнал со противзаконито право за натамошно учество на изборите.

Процесот го води судијата Огнен Ставрев. Датумот за пресудата ќе биде објавен по завршните зборови.

Слични содржини