Денеска во Кривичниот суд треба да продолжи предметот на поранешното СЈО насловено како „Насилство во Центар“.
Обвинителката Фатиме Фатаи на последното рочиште од обвинение ги ослободи Даниела Рангелова, Милан Андоновски и Борче Богдановски, а на обвинителна клупа останаа само Александар Трајковски, Миле Јанакиевски и Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија.
Обвинителката Фетаи на последното рочиште во завршен збор побара од Судот казните за поттикнувачите на насилствата пред Општина Центар, Никола Груевски и Миле Јанакиески да бидат најстроги за да се одвратат сите други од такви намери во иднина.