Гледаме дека реформи во правосудството и не се баш на некое завидно ниво. Како правник можам да кажам дека навистина тука доста потфрли секоја Влада во изминатите години. Со мали чекори можевме да го реформиравме правосудниот систем. Се изнаслушавме и за ветингот, кој што па ако ги прашате европските комесари велат дека не се за ветинг, меѓутоа сметаат дека државите имаат механизми како да го реформираат правосудниот систем, вели лидерката на ЛДП, Моника Зајкова за ресорот Правда.
Според неа, во ова министерство има многу работа и особено во делот на правосудството, ако сакаме да одиме по европскиот пат.
-Од реформи во судскиот совет, во судската администрација, одговорност на судии, па дури и во застареноста на кривичните дела. Има модели во Хрватска како се справиле со застареноста. Не треба цело време да генерализираме дека сите не чинат во правосудството, туку да детектираме кои се тие судии и обвинители кои се подложни на корупција. Имотна состојба може и со многу закони да се реши, рече Зајкова во емисијата „24 анализа“.