„Збесна“ од среќа: Момчето кое го советуваше Ѓоковиќ го доби неговиот рекет (ВИДЕО)

од Берта Китинска
296 прегледи

Новак Ѓоковиќ му го подари рекетот на едно момче од трибините кое силно го бодреше за време на финалето на Ролан Гарос. Откако му го подари рекетот момчето почна да скока од радост и од неверување.

– Не го познавам момчето, но постојано го слушав во текот на целиот меч. Особено додека губев со два сета разлика, тој ме охрабруваше. Ми даваше совети, ми велеше задржи го сервисот, диктирај го ритамот и нападни го неговиот бекхенд. Буквално ме тренираше. Тоа ми беше симпатично, па сметав дека е најдобро да му го дадам рекетот нему. Тоа беше моја благодарност што остана покрај мене и ме поддржуваше – објасни Ѓоковиќ.

Слични содржини