Вашингтон треба да стане двигател на промената во балансот на светските сили, бидејќи ерата на доминација на САД завршува. За претстојната нова глобална реконструкција може да се суди по 5 основни реалности, покажувајќи на започнатото редистрибуција на глобалните политички силии драстичното политичко будење на Блискиот Исток.
Првата од овие реалности е дека САД во политички, економски и воено остануваат и понатаму најсилна држава. Но како ако се земат предвид сложените геополитички промени во регионалниот рамнотежа на силите, САД веќе не се вишата сила во светот. Но и ниту една од другите главни држави исто така не е таква сила.
Втората реалност е дека во моментов Русија минува низ последниот и бурните стадиум на царски реструктуирање и децентрализација. Процесот е болен, но тоа не значи дека Русија конечно е лишена од можноста да стане конечно (ако таа дејствува разумно), водечка европска национална држава. Навистина, сега таа залудно си ги расипува односите и ги одбива од себе поранешните субјекти од исламскиот југозападен свет од некогашната огромна империја, а исто е и со Украина, Белорусија и Грузија, а да не зборуваме за балтичките земји.
Третата реалност е Кина. Таа се развива цврсто (иако побавно од пред тоа) како иден еднаков и веројатен противник на САД, но засега се труди да не упатат отворено предизвици кон САД. Воена Кина изгледа се стреми да направи пробив во вооружувањето од нова генерација и заедно со тоа упорно се зајакнува понатаму со ограничени воено-поморски сили.
Четвртата реалност е дека во моментов Европа не е глобална сила и едвај и ќе стане таква во иднина. Но таа може да одигра конструктивна улога, како преземање иницијатива во спротивставувањето против меѓународните закани, заканувачки благосостојби на планетата и дури постоењето на човештвото. Освен тоа Европа во политички и културен план е сојузник на САД и ги поддржува нивните главни интереси на Блискиот Исток, а непоколебливоста на Европа во рамките на НАТО има суштинско значење за конструктивната одлука во иднина на руско-украинската криза.
Петтата реалност е дека тековните политички будење во постколониалните муслимански земји е делумно задоцнета реакција понекогаш грозоморното им потиснување – главно од европските земји. Оваа реакција носи во себе задоцнето, но силно чувство на неправда и верска мотивација, обединувачки повеќето муслимани се против надворешниот свет.
Овие пет реалности донесени во својата севкупност, ни велат дека САД треба да преземат иницијатива за промена на глобалниот баланс , бидејќи на таков начин насилството во муслиманскиот свет, ги надминуваат границите (што во иднина може да се шират и во други земји од т . нар. трети свет), да биде ставена под контрола без прекршување на светскиот поредок. Ние можеме да сликаме во општи црти оваа нова архитектура, ако развиеме стратегија со отчитување на петте реалности наведени погоре.
Прво, Америка може ефикасно да се спротивстави на постојното во Блискиот Исток насилство, ако таа создаде коалиција, во која во различен степен ќе учествуваат, освен сите останати, Русија и Кина. За да се создаде таква коалиција, првично Русија треба да биде убедена да се откаже од активностите засновани на едностраното користење на силата против своите соседи – поконкретно Украина, Грузија и балтичките држави. А Кина треба да биде обесхрабри во тоа што со себично пасивност во услови на растечка регионална криза во Среден Исток ќе се покаже политички и економски поволни за остварување на нејзините амбиции на меѓународната сцена. Оваа кратковидни политика на двете земји треба да се пренасочи во друго и да се направи разумна.
Второ, Русија за првпат во својата историја се претвора во вистинска национална држава, што е исклучително важно и во исто време не се смета за сериозно. Царската империја со нејзиното мултинационална, но политички пасивно население го прекина своето постоење во годините на Првата светска војна / 1914-1918 / и на нејзино место се појави создадениот од болшевиците божем доброволен сојуз на национални републики / СССР /, власт кој фактички припаѓаше на Русија . Распадот на Советскиот Сојуз во крајот на 1991 година брзо доведе до појавата во својство на негов наследник на држава со претежно руско население и трансформацијата на поранешните “републики” на СССР со неруско население во официјално независни држави. Сега овие земји ја зајакнуваат својата независност, а Кина и Западот ја користат оваа нова реалност – во различни региони и секој посвое и штети на Русија.
Во меѓувреме иднината на самата Русија зависи од нејзината способност да стане важна и влијателна национална држава во составот на обединувачка Европа. И ако тоа не се случи, тоа исклучително негативно ќе влијае на способноста на Русија да се спротивстави на растечкиот територијален и демографски притисок од страна на Кина, која пројавува пожесток стремеж да поништи “нееднакви” договори кои Москва ги има спроведено во минатото.
Трето, наглиот економски подем на Кина бара од земјата сериозно и продолжено трпение и разбирање на тоа дека стремежот да се постигнат брзи политички резултати може да доведе до појава на социјални проблеми. Најдобрата политичка перспектива за Кина во блиска иднина е да стане главен партнер на САД за прашањата на ограничувањето на светската криза како онаа која се шири сега / вклучувајќи и на североисток / надвор од границите на Блискиот Исток. Ако оваа криза не биде локализирана, таа ќе се шири и ќе ги опфати јужните и источни региони на Русија, а исто така западните територии на Кина. Локалните цели на регионалната геополитичка активност на Кина се тесните врски со младите републики во Централна Азија, муслиманските земји – поранешни британски колонии во Југозападна Азија / поконкретно Пакистан / – и најмногу Иран / земајќи ги предвид неговата сила, стратешки средства и економска улога /. Но тоа треба да биде и цел на глобалните кинеско-американски договори.
Четврто, да се обнови релативната стабилност на Блискиот Исток ќе биде невозможно се до тогаш, додека локалните вооружени групи можат да се потпираат или ги уживаат привилегиите на распределбата на освоените територии и при тоа селективно им се помага на терористите. Нивната способност да вршат ѕверства може да се запре само преку притисок, вклучувајќи изборен, притисок врз основа на соработката меѓу САД, Русија и Кина, кои за возврат ги зголемуваат можностите за разумно користење на силата на повеќето традиционални за регионот обликувани земји /Иран, Турција, Израел и Египет /. Овие земји, исто така, треба да бидат помогнати од страна на Европа при организирањето на демоктратски избори. При вообичаени околности, Саудиска Арабија во оваа листа би била сериозен играч, но денешната склоност на саудиските власти и понатаму да ги поддржуваат идеите на вахабистичкиот фанатизам / дури и при тоа дека тие спроведуваат во земјата спектакуларна модернизација / предизвикуваат сериозни сомнеж за способноста на Саудиска Арабија да игра во регионот сериозна и конструктивна улога.
Петто, особено внимание треба да се посвети на новото политичко активирање на масите надвор од западните држави. Меморијата на луѓето кои долго време биле подложени на политички гонења, во значајна мера придонесе за нагло и насилно, загревање на исламистичките терористи, т.н. будење на Блискиот Исток. Но, не е исклучено дека она што денес се случува на Блискиот Исток, е само почеток на поголема појава што ќе настане во иднина во Африка, Азија и дури меѓу предколониалните народи во западната хемисфера. Резултатот од систематските убиства на нивните не толку далечни предци, колонизаторите и сродните души, кои барале богатства, пристигнале главно од Западна Европа / земјите кои денес, во секој случај се најмногу откриени за заеднички живот на претставниците на различни националности /, а се одговрни за уништувањето на колонијалните народи, во последниве две века . Тоа е споредливо по скали со злосторствата на нацистите во годините на Втората светска војна / 1939-1945 / – нивни жртви се стотици илјади, па дури и милиони луѓе. Политичката вера во комбинација со задоцнетото негодување се моќна сила која сега излегува на површината,. Тие барат одмазда – и тоа не само во муслиманскиот Блиски Исток, но, најверојатно, и надвор од неговите граници. Многу податоци не можат да бидат допрецизирани, но генерално тие се шокантни. Доволно е да се донесе само неколку примери. Во 16 век, главно поради болести и злосторствата на шпанските колонизатори населението на Империјата на Ацтеките, кои живееле на територијата на современа Мексико, е намалено од 25 милиони на околу 1 милион луѓе. На сличен начин и во Северна Америка приближно 90% од автохтоното население загинало или починало во првите пет години од комуникацијата со европските доселеници – главно од болести. Во 19 век, како резултат на различните војни и принудни преселби загинаа уште 100 000 луѓе. Во Индија, во периодот од 1857 до 1867 година, Британците убиле околу 1 милион мирни жители за време на акциите што следеа како резултат на Сипајското востание од 1857 година. Тогаш, британската Ост-Индиска компанија ги користела индиските плантажи за одгледување на опиум, кој потоа бил испратен во Кина и предизвикал прерана смрт на милиони луѓе, без да се сметаат оние Кинези кои станаа директни жртви на Првата и Втората опиумска војна. Во Конго, лична сопственост на белгискиот крал Леополд Втори, од 1890 до 1910 година биле убиени меѓу 10 и 15 милиони луѓе. Во Виетнам во периодот од 1955 до 1975 година според последните пресметки биле убиени меѓу 1 и 3 милиони мирни жители. Што се однесува до муслиманскиот свет, во рускиот Кавказ меѓу 1864 и 1867 година биле иселени 90% од локалните Черкези, а од 300 000 до 1,5 милиони луѓе починале од глад и биле убиени. Во периодот од 1916 до 1918 година биле убиени десетици илјади муслимани за време на депортацијата организирана од руските власти на 300.000 Турци муслимани во планините на Средна Азија и Кина. По Првата граѓанска војна во Алжир, во периодот од 1830 до 1845 година, како резултат на француските ѕверства, глад и болести загинале 1,5 милиони Алжирци – речиси половина од населението на земјата. Во соседна Либија Италијанците ги испратиле жителите на Киренајка во концентрациони логори, каде во периодот од 1927 до 1934 година загинале од 80 000 до 500.000 луѓе. Неодамна – од 1979 до 1989 година – советските сили во Авганистан убиле околу 1 милион мирни жители, а две децении подоцна американските војници во текот на својата 15-годишна војна убија 26.000 мирни жители. За последните 13 години во Ирак, САД и нивните сојузници убија 165. 000 мирни жители. Разликата помеѓу податоците за бројот на загинатите и резултат на европската колонизација и бројот на убиените од САД и нивните сојузници во Авганистан и Ирак делумно може да се објасни со техничките достигнувања, кои овозможуваат да се користат воени средства со голема прецизност и делумно со промената на светската клима. Обемот на овие крвави злосторства е шокантен, но не помалку шокирачки и тоа како Западот брзо заборавил на нив. Во современиот постколониален свет почнува да звучи нова историска реторика. Муслиманите и останатите земји користат чувството на длабока одбивност кон Запад и неусвојувањето на неговото колонијално минато, за да ги оправдаат своите лишувања, беди и отсуството на чувство за сопственото достоинство. Фактот дека овие настани се повеќе јасно пловат во меморијата на муслиманскиот свет и се почесто во меморијата на останатите земји, зборува колку силно е влијанието на минатото во сегашноста. Иако ова не ги оправдува злосторствата кои се случуваат денес на Блискиот Исток. Со оглед на сето ова единствената соодветена и практично остварлива опција за САД, Русија и Кина и лицата кон овој поглед, блиско источни држави е најдолгиот и болен пат кон првично ограничените компромиси и регионално помирување. САД ќе треба да покажат упорност и трпение при создавањето на конструктивни работни односи со некои нови партнери / поконкретно со Русија и Кина /, а исто така во заедничката работа со повеќе традиционални и историски докажани муслимански земји / Турција, Иран, Египет и Саудиска Арабија – ако таа може да ја одвои својата надворешна политика од вахабистичкиот екстремизам / насочен кон создавање на пошироки основи на регионалната стабилност. И во овој поглед тие можат да бидат корисни за нашите европски сојузници, кои претходно доминира во овој регион. Целосното повлекување на американските војници од муслиманскиот свет, за што се декларираат нашите американски изолационисти, може да доведе до нови војни / на пример, меѓу Израел и Иран, меѓу Саудиска Арабија и Иран, сериозна интервенција на Египет во Либија / со што би се предизвикало уште повеќе длабока криза на довербата спрема стабилизирачката улога на САД во светот. Во овој случај Русија и Кина би можеле поинаку, но апсолутно на непредвидлив начин да се извлечат од оваа ситуација со свои геополитички интереси, независно од тоа што и самиот светски поредок би настрадал на прво место во геополитичкиот план. Конечно нешто не помалку важно, денешните земји-членки на поделена и исплашена Европа би започнале да бараат патрони меѓу оваа моќна тројка и да се натпреваруваат едни со други, склучени со нив алтернативни, но сепаративни договори. Конструктивната политика на САД треба да се одржува упорно и со оглед на подалечна перспектива. САД треба да се стремат кон резултати кои ќе придонесуваат за постепено разбирање на Русија / по се изгледа веќе по Владимир Путин / на тоа дека таа може да стане влијателна светска држава само во составот на Европа. Зголемената улога на Кина на Блискиот Исток треба да се одрази и врз меѓусебното разбирање на Америка и Кина и на фактот дека растечкото партнерство на САД и НР Кина во решавањето на блискоисточната криза е историска важна проверка на односите да се обезбеди и зајакне понатамошната стабилност во светот . Алтернативата на конструктивната долгорочна стратегија – и поконкретно едностраниот стремеж кон асиметрични цели, диктирани од воени и идеолошки причини – нема да доведе до ништо и ќе се претвори во залудно и самоубиствено губење на време. За Америка тоа може да доведе до подолг конфликт, рамнодушност и дури деморализирачко враќање кон политиката на изолационизам, кон која таа се придржува до 20 век. За Русија тоа може да значи сериозен пораз, зголемување на веројатноста да признае доминантната улога на Кина. За Кина тоа ќе значи војна не само со САД, но и со Јапонија или Индија – или со едната и со другата. Во секој случај продолжената фаза на неизгасливи и квази религиозни војни, кои беснеат низ целиот Блиски Исток под знамето на лицемери и фанатизам, би довела до ескалација на крвопролевањето во целиот регион и надвор од неговите граници, а исто така присутно зголемување на суровоста. Прашањето е во тоа дека до појавата на Америка на светската сцена во светот немало вистински доминантна сила. Британската империја речиси постигна доминација, но Првата и Втората светска војна не само ја банкротира политички, но и придонесе за појавата на регионални сили конкуренти. Факторот, определил новата глобална реалност, САД – како појава на светската сцена, која била најбогат играч и во исто време најсилна воена сила. Во втората половина на 20 век ниту една држава не можела дури да се приближи до нејзиното ниво. Сега таа ера е при крај. Иако, едвај ќе се најде некоја држава која ќе ја оспори економската и финансиската супериорност на Америка во блиска иднина. Благодарение на новите системи на оружје некои земји ќе можат одеднаш да ја добијат можноста да извршат самоубиство во текот на реципрочните удари во смртоносната престрелка со САД или дури да надвладеат. Ако не се впуштиме во теоретски детали, таа ненадејна појава на некоја земја со средства кои ќе и овозможат во целина да е понапред воено од Америка, ќе значи крај на американската глобална супериорност. Како резултат на тоа светот, најверојатно ќе потоне во хаос. И токму поради оваа причина САД треба да одлучат за политика, според која барем една од двете потенцијално опасни држави да стане нејзин партнер при обезбедувањето на регионалната и глобална стабилност,. На тој начин нема да има непредвидливи ситуации, но исто така потенцијалниот најверојатен противник нема да ја претекне. До денес таков противник е Русија, но во иднина може да стане Кина. Бидејќи следните 20 години можат да се претворат во последната фаза на постоечките традиционални и јасни политички сојузи, во рамките на кои ние сме навикнати да се самоуверени во политиката како одговор на тоа како треба уште сега да биде изработена. Во текот на ова столетие човештвото исто така треба се повеќе да се замисли за својот опстанок како таков, мислејќи на големиот број еколошки проблеми. Разумното, компетентно и ефикасно решение на овие проблеми може да се постигне само преку слабеењето на тензиите и склучување на меѓународни договори. Овие договори треба да се засновани на долгорочна стратегија, која признава итната потреба од создавање на нова геополитичка архитектура. /
Збигњев Бжежински, американски политиколог. Тој е советник за национална безбедност на претседателот Џими Картер / 1977-1981 /. Анализата на Бжежински е објавен во “The American Interest”.