Најтиражниот весник во Србија објавува на првите страница водечка вест, која тврди дека владата на премиерот Александар Вучиќ официјално му го врти грбот на рускиот претседател Владимир Путин.
Статијата е насловена – “Збогум, друже Путине!” и е илустриран со слика на Вучиќ и рускиот претседател. Според изданието “Србија направила пресврт во енергетската политика и се обратила кон САД во овој сектор”.На овој начин, властите во Белград за прв пат се одлучиле повеќе да не бидат зависни во енергетски однос од Русија, пишува уште весникот и прецизира дека “Александар Вучиќ го прифатил повикот на САД да се приклучи на гасоводот кој доаѓал од Азербејџан”.
Белградскиот весник објави и краток коментар на “руски официјални лица кои тврдат дека Србија нема алтернатива и во иднина ќе купува руски гас”.
Во денешниот број на весникот е објавено и истражување во кое се тврди дека 65 отсто од граѓаните на земјата се определуваат Русија како најдобар партнер на Србија.
