Збогум Ливерпул: Трент Александер-Арнолд се договори со Реал Мадрид

од Vladimir Zorba
78 прегледи

99% е сигурно дека Трент Александер-Арнолд ќе се пресели во Реал Мадрид како слободен играч, покажуваат последните информации поврзани со фудбалерот на Ливерпул.

Дефанзивецот по завршувањето на сезоната станува слободен играч и иако се уште нема официјални вести за неговата иднина, се смета дека се е јасно.

Во последните месеци се зборуваше дека постои опција тој да остане во редовите на „црвените“, но тоа очигледно нема да се случи.

„Се е јасно. Александар-Арнолд знае колкава ќе му биде платата, а ќе добие и долгорочен договор. Неговата преселба во Реал Мадрид е 99% завршена. Само нешто непредвидено или ненадејна промена на играчот би ја променила ситуацијата, но тоа не се очекува да се случи“, тврди „DefensaCentral“.

Со ваквиот развој на настаните, не би било изненадување доколку, покрај Трент, Ливерпул се раздели и со Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк, кои исто така се слободни играчи.

Слични содржини