ZDF: Новите правила за емисии на гас од автомобили стапуваат во сила во петокот

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Од 1 септември, стапуваат на сила новите правила за проверка на емисиите на гасови што ќе се емитираат во атмосферата, информира германскиот телевизиски канал ЗДФ.
Според новите одредби воведени по дизел скандалот Volkswagen, мора да се затегнат процедурите за одобрување на нови автомобили. Тие предвидуваат дека новите модели на автомобили се подложени на два теста за да покажат кои се нивоата на емисиите што се испуштаат во атмосферата. Всушност, една проверка ќе мора да се направи на пат.