Сладоледот им е омилениот сладок грев на повеќето луѓе. Но доколу сакате да ја зачувате вашата линија, морате да го ограничите неговото консумирање. За среќа, овој рецепт ќе ви помогне да уживате во вкусот на сладоледот без грижа на совест.
Потребни состојки:
300 грама јагоди
200 милилитри кокосово млеко
Прстофат ванилин шеќер
3 лажици мед
Начин на подготовка:
Пред да почнете со подготовката на сладоледот, ставете ги сите состојки неколку часа во фрижидер.
Исчистете ги јагодите, пресечете ги на половина и ставете ги во блендер. Додајте ги кокосовото млеко, ванилата и медот. Добро изблендирајте додека не добиете кремаста смеса.
Смесата можете да ја ставите во посебни калапи за сладолед или во кутија. Ставете ја во замрзнувач и оставете ја додека не замрзне.