Здрава кока-кола со влакна?

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Диететската кола “Зиро”, “Лајф”, “Грин” – Кока-Кола прави напори да создаде поздрава варијанта на безалкохолните пијалаци. Последната иновација, сепак, неспорно е необична. “Кока-Кола Плус” е без шеќер, без калории и содржи 5 грама несмилаем декстрин (аминозахарид), кој е специјално дизајниран за луѓето кои страдаат од дефицит на влакна.

Според некои тоа е најздравата варијација на газиран пијалак и возбудата е голема  имајќи го предвид тврдењето дека влакната ќе ја намалуваат апсорпцијата на мастите од храната кои се апсорбираат додека ја пиеме од кока-колата.

Компанијата дури тврди дека едно шише на ден може да помогне во контролирањето на триглицериди во крвта.

Каков е сепак “здравиот” вкус е под прашање. Пред 7 години од “Си-Ен-Ен” го дегустираа оригиналниот вид на “Кока-Кола Плус” и го одредија чувството како “апсорпција на ултраслатка Кола со вкус на желе, тешка доза вештачки цитрусен засладувач и неподнослива газираност”.

Екипата која го пробал пијалокот дури ветува дека ќе му ја стисне раката на секој кој може да испие цело шише и се уште да има апетит. Дали тоа е променето, или не треба да разбереме. Според податоците на “Индипендент” подобрената формула ќе биде пуштена на пазарот во Јапонија во март.