Вишиот управен суд го поништи решението на Управниот суд со кој се одбиваше жалбата на Еуромакс Ресурси за одземената концесија и донесе одлука да има повторно судење во Управниот суд. Пресудата е донесена на 8 јули 2021, а објавена на 28 јули 2021, соопштија од непрофитното граѓанско здружение „Здрава котлина“.
Претходно Управниот суд со решение У-6.бр.24/2020 од 21.10.2020 година ја одби жалбата на Еуромакс Ресурси како неоснована, а сега Вишиот управен суд ново решение го поништи решението на Управниот суд и го враќа повторно судењето за жалбата на Еуромакс на почеток.
Жалбата на Еуромакс се однесуваше на преиначување на пресудата на Управниот суд со цел да ја задолжи Владата да ја поништи одлуката за еднострано раскинување на концесијата како неоснована и да ја задолжи Владата да ги спои концесиите.
Со ова, надалеку прочуеното „НЕЗАВИСНО“ македонско пупка судство е само на чекор да ја поврати концесијата на Еуромакс Ресурси и така да придонесе за почеток на граѓански бунт во Струмичката котлина. Од друга страна интересно е спомне како правните „експерти“ од Генералниот секретаријат на Владата намерно или не намерно утнале примена на стар и нов закон, што во случајот е искористено за да се донесе оваа пресуда на Вишиот управен суд. Во тоа време генерален секретар е Драги Рашковски кој е бивш адвокат на Еуромакс, но неговата сестра се уште работи во Еуромакс“, велат оттаму.