Здравев: Судиите останаа истрајни во ревноста да ја повратат довербата на граѓаните

од Берта Китинска
339 прегледи

Во овие тешки денови за граѓаните на нашата држава и за човештвото во целина, судството докажа дека може да одговори на секој предизвик, напиша претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Киро Здравев во честитката по повод 31 март – Денот на правосудството.

-Судиите и судските службеници останаа истрајни во ревноста да ја повратат довербата на граѓаните преку непристрасно применување на правото, не селективна правда, заштита на човековите права и основни слободи, еднаквост, рамноправност, недискриминација по кој било основи и обезбедување на правна сигурност врз основа на владеење на правото, истакнува Здравев.

Слични содржини