„Здравствен QR код“ за конечна победа во борбата против епидемијата

од Nikola Popovski
446 прегледи

Планот на Кина да воспостави меѓународен механизам за заемно признавање на „здравствениот код“ за олеснување на прекуграничното патување предвидува употреба на унифициран QR-код. Не бара употреба на единствена платформа или поврзување на базата на податоци на различни земји, со што личните информации на граѓаните ќе бидат заштитени.

Кинеското Министерство за надворешни работи за РИА Новости соопштило дека претседателот Кси Џинпинг ја презел иницијативата за време на состаноците на Г20 и Азиско-пацифичкиот форум за економска соработка за воспоставување меѓународен механизам за меѓусебно признавање на „здравствените кодови“.

Тој на учесниците на конференцијата им го претстави планот на Кина да изгради нов поредок за безбедно, здраво и регулирано движење на луѓето.

На билатерален начин, Пекинг обезбеди конкретни идеи и технички решенија за засегнатите земји, одржувајќи контакт со засегнатите страни за ова прашање.

Кинеското Министерство за надворешни работи нагласува дека механизмот во основа вклучува меѓусебно препознавање на различни видови на информации, вклучувајќи податоци од PCR тестови и заштитен личен QR код, што важи за сите земји кои учествуваат во механизмот.

Според планот предложен од Кина, владините служби на различните земји ќе бидат обврзани да обезбедат унифициран код за луѓето што ја напуштаат земјата, што може да биде на хартија или по електронски пат.

Слични содржини