Основачот на активистичката група што ја организирал медицинска евакуација на Алексеј Навални изјави дека неговата состојба е „многу загрижувачка“ во моментот кога започнал третманот на опозицискиот политичар во германска болница со „обемни“ дијагностички тестови, по неговото пристигнување во Берлин, пишува Ал Џезира.
Медицински авион што го пренесе Навални од Омск, Сибир, изнајмен од германската невладина организација Cinema for Peace, слета на аеродромот во Берлин во 8:47 часот по локално време.
Алексеј Навални беше пренесен во Берлин на лекување по наводно труење.
Навални падна во кома, откако испи чај, за кој постои сомневање дека имал отров.
Лекарите што го лекувале во руски Омск во петокот рекоа дека е премногу болен и ќе мора да биде преместен.
Навални пристигна во авион за Берлин во саботата, каде треба да го продолжи лекувањето откако беше префрлен од болницата во Сибир, објави на Твитер неговата портпаролка Кира Јармиш.
Авионот за евакуација го плати германската организација Cinema for Peace.
Авионот полета од Русија околу осум часот по локално време, по целодневната борба меѓу неговото семејство и руските лекари околу неговото лекување во странство, пишува Ал Џезира.