Здравствената состојба на словачкиот премиер Роберт Фицо се подобрува

од Илинка Илиоска

Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фиц се подобрува по атентатот, соопштија денеска словачката влада и Универзитетската болница Ф.Д. Рузвелт.

Врз основа на резултатите од прегледот, на денешната седница на советот е потврдено постепеното подобрување на здравствената состојба на премиерот, соопшти словачката влада без да соопшти други детали, пренесува Ројтерс.

На 15 мај 71-годишниот писател Јурај Цинтула го застрела Фицо, кој полицијата веднаш го приведе.

Словачкиот премиер во тешка состојба е пренесен во болницата во Банска Бистрица каде му беа извршени неколку операции.

Цинтула е во притвор и се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор.

Слични содржини