Здравствениот регулатор на САД не гледа поврзаност меѓу воспалението на срцевиот мускул и вакцината против КОВИД-19

од Stefanija Kuzmanovska
308 прегледи

Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) не гледаат поврзаност помеѓу воспаление на срцевиот мускул, миокардитис и вакцината против КОВИД-19, изјави во вторникот директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски.

Не видовме знак, а всушност намерно го баравме во повеќе од 200 милиони дози кои ги дадовме, рече Валенски на брифинг со новинарите.

Таа навела дека ЦДЦ е во контакт со Министерството за одбрана на САД во врска со истрага на 14 случаи на воспаление на срцевиот мускул или миокардитис кај луѓе кои биле вакцинирани во воените здравствени установи.

Израелското Министерство за здравство во неделата објави дека истражува мал број случаи на миокардитис кај луѓе кои примиле вакцина на „Фајзер“, но се уште не донеле заклучоци.

Повеќето случаи во Израел се пријавени кај лица на возраст под 30 години.

„Фајзер“ објави дека не забележала почеста појава на миокардитис кај вакцинирани лица во споредба со општата популација.

Израелскиот координатор за одговор на пандемијата Нахман Еш рече дека прелиминарната студија покажува „десетици случаи“ на миокардитис кај повеќе од пет милиони вакцинирани лица, главно по втората доза.

Еш рече дека не е јасно дали станува збор за невообичаено голема бројка и дали е поврзана со вакцината.

Министерството за здравство во моментов испитува дали има поголема инциденца на болеста и дали може да се припише на вакцината, рече Еш.

Би било тешко да се докаже поврзаноста затоа што миокардитисот, состојба која често поминува без компликации, може да биде предизвикана од низа други вируси, а сличен број случаи беа пријавени во претходните години.

 

Слични содржини