Здравствените работници најавуваат „жешка есен“ ако до септември не им се решат барањата

од Nikola Popovski
266 прегледи

Независниот синдикат на здравство и Независниот синдикат на геријатрија денеска излегоа задоволни од средбата во Министерството за информатичко општество и администрација, каде е констатирано дека има голем број аномалии во колективните договори на здравствените работници. Синдикатите упатиле барања за решавање на ова прашање и во Министерството за финансии и во Министерството за здравство, но не добиле одговор. Ако не добијат решение до септември, најавуваат „жешка есен“ со протести заедно со полицијата.

На состанокот се реши дека има голем број аномалии во колективниот договор во врска со здравствените работници, со здравствениот административен персонал, со техничкиот персонал за коишто има потреба да се решат постепено, изјавил националниот координатор за независните синдикати за здравство, Боби Бојчевски, по денешната средба во МИОА.

Тој додл дека здравствените работници се донесени до маргинализација за да преживеат ден.

Ние затоа како независен синдикат ќе се бориме за оваа категорија луѓе, да се решат овие аномалии од прва до четврта група каде што според сложеноста на работните односи првата група има поголема плата од четвртата група, рече Бојчевски.

Тој подвлече дека „подобро е да се гасне оганот додека жари а потешко е кога ќе се направи пожар“, бидејќи, како што кажа, здравствените работници не можат да го издржат месецот, ни да го преживеат денот.

Ако не се решат овие работи во септември ќе бараме протест и бараме покачување на платите на здравствените работници за 30 проценти. Кога може на други вработени да им се покачува платата за 30 проценти, ние се чувствуваме како дискриминирани во ова општество, посочил Бојчевски и најави масовни протести во септември што ќе бидат поддржани од сите синдикати.

Договорот за повисоки плати во јавниот сектор ги подели синдикатите, некои, меѓу кои и образование, се незадоволни од процентот за кој ќе се зголемат платите. Секторите кои протестираа бараа за 30 отсто повисоки плати, а добија 10 проценти. Дел од нив со незадоволството ќе продолжат од септември.

Според договорот, околу 130 илјади административци повисоки плати ќе добијат со септемвриската плата. К-15 ќе добијат во декември, а новата Методологија за пресметка на плата ќе почне од март 2025 години, оти треба да се усогласат закони и тоа да се вметне во буџетот за што требаа време. Според таа методологија платата ќе се пресметува со коефициент од просечна плата и таа ќе важи за сите во јавниот сектор.

Слични содржини