„Утрово имав редовна координација со директорите на ковид центрите во Скопје, на која ја разгледувавме состојбата со хоспитализираните пациенти во викендов кој измина. Иако бројот на приеми во болниците пополека се намалува, како во Скопје така и низ ковид центрите во земјава, а со тоа се намалува и вупниот број на хоспитализирани лица, состојбата и понатаму е сериозна и остануваме претпазливи“, објави министерот за здравство, Венко Филипче на социјалните мрежи.
Според него, во болниците има доволно слободни места, а подготвени сме да ослободиме и дополнителни капацитети доколку за тоа има потреба.
„Третиот бран на вирусот покрај поголемата трансмисивност, донесе и многу потешка клиничка слика и подолга хоспитализација. Затоа апелираме да се почитуваат мерките за заштита“, потенцира министерот.