Здравство најавува нови вработувања во секторот

од Nikola Popovski

Министерството за здравство најавува нови вработувања во здравствениот сектор, но откако другите здравствени установи под капата на ресорот ќе се изјаснат кој кадар е потребен.

-Разговараме со сите засегатнати на страни, и со Министерството за финансии, со ФЗОМ и со Владата. Ќе најдеме решение, но прво ни треба стратегија за да направиме програми. Сме побарале од сите здравствени институции да ни достават колкави им се потребите и барањата за какви кадровски решенија. Да има и во ова систематизација, за да има функционалност и затоа не можеме толку да брзаме. Нормално знаејќи ја финансиската состојба на државата, нормално дека треба да се адаптираме кон тоа, но ќе има вработувања. Ќе се потрудиме да биде во најбрз рок, рече денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити

Слични содржини