Здружената албанска опозиција: Џафери, ДУИ и Алијанса го спасуваат Јовески од интерпелација

од Nikola Popovski
174 прегледи

Поминаа 15 дена, а претседателот на Собранието, Талат Џафери, не закажа пленарна седница за оваа интерпелација. Тоа ни дава за право да се сомневаме дека има нешто меѓу него и Љубомир Јовески, можеби е поврзано со некоја коруптивна афера, бидејќи претседателот на Собранието го штити јавниот обвинител дури и со кршење на Деловникот на Собранието на РСМ, велат од здружената албанска опозиција, сочинета од АлтернАтивА, Беса и Демократско движење.

Доколку Џафери не ја стави на дневен ред оваа интерпелација и не се произнесе, трите партии порачуваат дека, како што велат, имаат право да се сомневаат дека заробената држава е подлабока од Јавното обвинителство. Истакнуваат дека „камбаната бие и за претседателот на Собранието“.

-И додека сме овде, не можеме а да не истакнеме дека за оваа интерпелација, за жал, ниту пратениците на Алијансата за Албанците, ниту тие од ДУИ, не се изјаснија, дури и по нашиот јавен повик да нè поддржат. Ова освен што ги става во клупата на виновниците, затоа што штитат функционер кој се плаши да се соочи со пратениците кои го гласале, дури и кога неговото име се спомнува за злоупотреба на службената положба, овие пратеници оставаат простор за сомневање дека тие или лидерите на нивните партии се уценувани од материјали на фиоките на Јовески. Што ги попречува пратениците на ДУИ и Алијансата да ја поддржат интерпелацијата за јавниот обвинител ако на другата страна има 14 жртви изгорени во пожарот, а ниту еден виновник не е во затвор? Со кого се тие, со изгорените жртви или со Јавниот обвинител?, прашуваат од здружената опозиција.

Слични содржини