Здружената опозиција се прошири со три партии

од Vladimir Zorba
Кон опозицискиот блок предводен од СДСМ денеска се приклучија Нова Алтернатива на Ѓорги Оровчанец, Обединети пезнионери и граѓани на генералот Илија Николовски и партијата Пеп 21. Меѓу петнаесетте лидери, во седиштето на социјалдемократите, на состанокот со Зоран Заев беше и претседателот на либералите Ивон Величковски, а органите на неговата партија дополнително ќе заседаваат за да одлучат за приклучување кон Здружената опозиција.
sdsm_zdruzena_opozicija

Сите партии, рече лидерот на ЛДП Горан Милевски, ќе се приклучат в недела на антивладиниот протест, вклучувајќи ја и Достоинство, чиј лидер е во странство.
-Сите обединети донесовме одлука дека ќе ја приофатиме Декларација Граѓани на Македонија и дека во недела ќе се приклучиме на мирниот протест којшто се органзиира во 14 часот, пред Владата, рече Милевски.
Тој нема информации за ВМРО-НП, но очекува како опозиционери ик тие да се приклучат. Покани не биле упатени до партиите на Албанците иако има најави за учество на голем број Албанци на протестот, здружената опозиција остава простор овие партии самостојно да донесат таква одлука. Тој упати апел протестот да помине во најдобар ред.

Слични содржини