Родителите на трагично загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“, преку јавно обраќање до јавноста, го изразија својот длабок револт по средбата со премиерот Христијан Мицкоски која се случила на 7-ми јули. Средбата која се одржала во Владата која, како што наведуваат родителите на починатите деца во дискотеката Пулс во Кочани, требала на нивно барање да се оддржи во Кочани, но добиле одговор дека безбедносните услови не дозволуваат премиерот да патува и средбата мора да се одржи во Скопје.
„Здружението на граѓани 16-ти март 2025 Кочани“, под називот како е формирано, имало две барања до премиерот – еднократна парична помош за секое семејство на починат од трагедијата и предвремено пензионирање или инвалидска пензија за родителите на починатите.
Родителите меѓу другото, биле вчудоневидени и повредени од страна на премиерот, кој, како што велат во објавата, им се обратил со зборовите: „Ова барање е исто како предлогот на СДСМ, само што вие немате ставено цена. Одредете си цена за вашите деца“. Со ова родителите биле навредени и како што наведуваат во обраќањето до јавноста: „Тоа беше газење врз спомените, врз болката, врз човечкото достоинство…“.
Во продолжение прочитајте ја целата објава на Здружението:
Mинатата сабота во Центарот за култура „Бели Мугри“ се одржа комеморативен настан во организација на Општина Кочани, со наслов „Во сеќавање – посветено на загинатите од пожарот во Кочани“. Со овој настан, градот им оддаде почит на жртвите, но и ќе ја продолжи борбата за вистина, одговорност и казна за сите кои дозволија ваква трагедија да се случи.