Здруженнието на правници Роми од Скопје, ги поздравува превземените мерки од страна на МВР во врска со претепаниот малолетник од ромска националност во Кочани.
Министерството за внатрешни работи во врска со снимениот материјал кој беше споделуван на социјалните мрежи и во кој јасно се гледа како непознати лица нанесуваат физички повреди врз малолетник од ромска националност, идентификувал вкупно девет лица, три лица се приведен, а со 20 лица е извршен службен разговор.
Исто така, ОВР Кочани во координација со ОЈО Кочани по целосно расчистување и документирање на случајот ќе поднесе кривична пријава за кривично дело „насилство врз дете”.
Настанот беше документиран и од страна на Здружение на правници Роми од Скопје кои извршија разговор со биолошките родители на детето во Шуто Оризари, учествуваа при распид на жртвата во Центарот за социјална работа и полиција и преглед за утврдување на неговата здравствена состојба по извршениот физички напад.
Во Р. Северна Македонија заштитата на децата во рамки на законот за заштита на деца се остварува преку обезбедување на права, средства и облици од страна на државата. Според кривичниот законик за матретирање и претепување на малолетник следи затворска казна од минимум 4 години.