Здружението „Цар Борис Трети“ повеќе не постои, избришано е од Централниот регистар

од Nikola Popovski
177 прегледи

Бугарскиот културен центар и здружение „Цар Борис Трети“ во Охрид е избришан од Централниот регистар на Македонија по одлуката на Министерството за правда и добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на историски личности.

Истата постапка по Законот за здруженија и фондации претходно беше спроведена и во однос на здружението „Иван Михајлов“ во Битола.

Ова е резултат на промената на Законот за здруженија и фондации, изгласана едногласно во Собранието, со која ретроактивно се забрани создавање на организации кои со своето име, програма, цели и активности поттикнуваат и повикуваат на агресија, поттикнување национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, геноцид, истребување, ширење и помагање, поттикнување и одобрување на фашизмот, нацизмот, националсоцијализмот и Третиот рајх врз граѓаните на земјава.

Здруженијата имаа три месеци да ги променат имињата.

Слични содржини