Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка: Историска одлука на Уставниот Суд

од Nikola Popovski
501 прегледи

Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи“, ја поздрави денешната одлука на Уставниот суд, кој ја одржа седницата на која точка на дневен ред беше иницијативата за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки.

„Би сакале да и пренесеме на пошироката јавност дека ДЕНЕС УСТАВНИОТ СУД ДОНЕСЕ ПОЗИТИВНА МЕРИТОРНА ОДЛУКА ПО ОДНОС НА ОВА ПРАШАЊЕ. Имено, како што е наведено во извадокот погоре од официјалното соопштение на Судот, истиот со донесената одлука го укина членот 163 став 3 од Законот за банки“, велат од здружението, додавајќи дека со овој допис сакале во име на сите членови на Здружението, но и во име на сите штедачи во банкарскииот систем, да им оддадат заслужена почит и благодарност на уставните судии што застанаа во одбрана на уставноста.

Според нив нема сомнение дека оваа точка на дневен ред во изминатиов период доби огромен публицитет и интерес во јавноста и оти за нив тоа е разбирливо, бидејќи се работи за многу значајна законска одредба, која во суштина, може да предизвика реформа на законодавството во областа на банкарскиот систем.

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XIV-та седница (денeс, 25 мај 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да го укине член 163 став 3 од Законот за банките („Службен весник на Република Македонија” бр. 67/2007, 90/2009, 67/2010, 26/201, 15/2015, 153/2015, 190/2016, 7/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.101/2019).

Слични содржини