354
Здружението на граѓани, ОБНОВА ГЛОБАЛ Струмица, ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица и здруженија, државни институции и органи и единици на локалната самоуправа, да согласно своите финансиски и материјални можности донираат во санирањето на последиците, обновата и реконструкцијата на ГТЦ ГЛОБАЛ Струмица, кој беше опожарен на ден 02.01.2021. година.
Паричните средства кои ќе бидат донирани да се уплатат на следната жиро сметка: 270074779880184 депонент на ХАЛК Банка АД Скопје.
Паричните средства ќе бидат наменети за санирање на последиците и за што поскоро повторно пуштање во употреба на ГТЦ ГЛОБАЛ Струмица, а со самото тоа и овозможување на повторна егзистенција на стотици граѓани од Струмица и другите соседни општини.