Здружението за градежништво против предлог законот за изградба на три автопати без тендер

од Берта Китинска

Здружението за градежништво при Стопанска Комора на РСМ се приклучи кон лавината негативни реакции во однос на предлог законот кој овозможува три автопати да се градат без тендер, со директна спогодба.Конечниот ставго најавуваат до крајот на неделава, посочувајќи дека предложеното решение од Владата во моментов се разгледува од страна на правен тим и членови на УО. На иста линија се со антикопуциската комисија дека предложеното законско решение не треба да се донесе и дека треба да се напушти концептот на директно преговарање за големи инфраструктурни проекти. Не можеме да работиме по различни закони, бидејќи законот е еден и треба да важи за сите вели за Локално.мк Андреа Серафимовски.

Непочитувањето на законот за јавни набавки и законот за работни односи и потпишувањето на договори во четири очи го сметаме како кршење на законските прописи кои владеат во државата, деградација и навреда на сите оние компании и поединци кои се борат низ годините да обезбедат фер и коректна правна рамка и да обезбедат владеење на правото, вели Серафимовски.

Почитувањето на законите, работењето по словото на законот и учеството во нивно подобрување и усовршување , според Серафимовски е единствениот начин со кој може да се обезбедат подобри услови за работа на компаниите, да се зголеми конкурентноста и да се озбезбеди подлога за развој.

Само така можеме можеме да очекуваме придобивки како на деловните субјекти така и за државата, што е тотално спротивно од концептот кој се нуди преку овој специјален закон во Парламентот.Ваквиот начин на работа сметаме дека би имал трајни, штетни последици врз домашната оператива , дециден е Серафимовски.

Според Владата специјалниот закон за стратешко партнерство за изградба на автопатите со американско-Турскиот конзорциум Бехтел и Енка, не значи и конечен договор иако според најавите автопатите ќе чинат помалку и ќе се изградат побрзо од автопатот Кичево- Охрид. Ако законот биде усвоен по скратена постапка, како што предлага владата , дури тогаш експерти од конзорциумот ќе излезат на терен па потоа ќе се договара цената.

Според најавите, американско-турскиот конзорциум треба да ги гради автопатите од коридорите 8 и 10, Тетово-Гостивар-Букојчани, Требеништа-Струга-Ќафасан и Прилеп – Битола.

Склучувањето на договор во четири очи врз основа на закон не е ново во Македонија.Пред седум години таков договор беше склучен со кинеската фирма Синохидро за изградба на автопатот Кичево Охрид чија завршница е сеуште неизвесна.

К.В.С.

Слични содржини