Зеќири ги предлага Бочварски, Битиќи и Макрадули како сведоци во судењето

од Nikola Popovski
226 прегледи

Поранешниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, во Основниот кривичен суд Скопје денеска изјави дека не се чувствува виновен за делото кое му се става на товар. Од друга страна, обвинителката Катерина Коларевиќ изјави дека со материјалните и вербални докази, како и вешт наод, ќе го докажат товарот.

-Оспоруваме сѐ од обвинителниот акт, тоа е едноставно. Соодветната процедура ја оспоруваме, законските можности за консултантски услуги, исто така, ги оспоруваме, изјави адвокатот Мирослав Вујиќ, бранител на Зеќири.

Според обвинението, Зеќири, како службено лице генерален секретар на Владата, со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.

Зеќири се товари дека преку овие дејствија го оштетил државниот буџет за 89.385.255,00 денари.

– Дали вие треба да имате тендер за консултантски услуги со адвокат? Сосема е исто. Консултантските услуги со реномирана компанија која што е во тој дел стручна. Значи изборот е ваш со кого ќе се консултирате и за тоа нешто не е потребна јавна набавка, смета адвокатот.

Во однос на прашањето зошто помеѓу предложените сведоци на одбраната има и поранешни и актуелни политичари, меѓу кои и Благој Бочварски, Фатмир Битиќи и Јани Макрадули, адвокатот Вујиќ одговори дека тие биле членови на економскиот совет на Владата и биле запознаени со сето она што е работено.

Процесот го води судијката Фанка Јанчулева – Михаиловска, судењето продолжи со изведување на материјални докази од Обвинителството.

Слични содржини