Зечевиќ: СДСМ секогаш имало силни жени – како по правило, а не како по исклучок!

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ во свое и во име на партијата се заблагодари на плејада силни жени, мудри политичарки, стамени државнички, грижливи сопартијки, неуморни работнички, бесценети другарки, за нивниот придонес во сите овие предизвикувачки години во создавањето на подобри политики, во креирањето на подобро македонско општество.

„Ви благодарам затоа што во СДСМ секогаш имало силни жени – како по правило, а не како по исклучок! Ви благодарам затоа што во СДСМ жените никогаш не биле статистички бројки, туку – силни личности! Жените дадоа, даваат и ќе даваат значителен придонес во секој аспект на општеството, од политиката и науката, до културата и уметноста“ истакна Зечевиќ.

Слични содржини