Зечевиќ: Велигден е нераскинлив дел од македонското национално духовно богатство

од Vladimir Zorba
189 прегледи

По повод Големиот христијански празник Велгден, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, упати честитка до сите православни христијани, како и до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан и Синодот.

„Велигден е многу повеќе од верски празник. Велигден е нераскинлив дел од македонското национално духовно богатство, како симбол на победата на доброто, на животот, над злото, над смртта. Тој светол животороден ден буди нова надеж и го носи духот на добрината, почитувањето и љубовта меѓу луѓето.

Да се обединиме околу овие човечки вредности и да придонесеме сите да шириме меѓусебна добрина и почитување.

На сите православни христијани го честитам големиот празник Велигден, посакувам добро здравје и духовен мир.

Хрисос Восресна, навистинса воскресна. Нека е за многу години!“ стои во честитката на Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.

Слични содржини