Зејди „бега“ од Алтернатива, најави формирање нова политичка партија

од Vladimir Zorba

Пратеникот Скендер Реџепи Зејди ќе формира нова политичка партија.

За ТВ 21 изјави дека тоа доаѓа како резултат на незадоволството во Алтернатива бидејќи како партија не му дале можност за промена во партијата и дека не се гледа себеси како дел од некој друг активен политички субјект.

„Сме виделе и во отчетот и средбите со граѓаните, дека имаме поддршка од граѓаните за политичкиот пат кој го градам. Бидејќи не се гледам себеси кај ниту еден политички субјект, бидејќи верував дека во Алтернатива треба да работам, бидејќи моето излегување потврди дека промената мора да се направи, но кога видов дека тоа не може да се случи, така да веројатно ќе почнам ново политичко патување заедно со структурите кои ги имаме. Ќе им подадам рака за соработка на тие кои излегоа од ААА, заедно да почнеме ново политичко патување.“, изјави Зејди.

Слични содржини