Зејн Малик отворено за борбата со анорексијата

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Зејн Малик раскажува за нападите на анксиозност и проблемите со исхраната во својата автобиографија “Зејн”, која излегува на 2 ноември, соопштија американските медиуми.b2b68e02e2d2d25d6c8641d4391dc7e5

Од книгата ќе дознаеме дека пред две години, кога Зејн сè уште е дел од момчешки бенд, буквално заборавал да јаде, поради многуте обврски.

“Кога гледам свои слики од ноември 2014 година, непосредно пред последната турнеја, гледам колку сум бил болен”, тврди Малик во интервју за весникот.

Пејачот сепак признава дека никогаш не бил дијагностициран со нарушувања во исхраната.

Во воведот Малик се сеќава за огромниот успех кој го постигнува групата, при тоа за сосема кратко време. Но токму заради тоа, Зејн тешко успеал да се справи со овие достигнувања и според него, се чувствувал како во огромен камион, кој не може да го управува.

“Машината се беше засилила, движеше со 100 милји на час и стануваше сè потешко да се симнеш од неа”, раскажува тој.

Сепак Зејн вели дека веќе е среден и цврсто е фатен за воланот на својот живот, кој го држи во тајност и нема да дознаеме многу за љубовните авантури.

Споменуваната поранешна свршеница Пери Едвардс, но не кажува ништо за својата партнерка Џиџи Адид.